среда, 17 декември 2025

Ковачевски на амбасадорите на САД во Македонија и во Грција им изразил благодарност за поддршката од Вашингтон

Објавено на

часот

Сподели

Владината прес-служба соопшти дека на средбата, на која присуствувале и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот Крешник Бектеши, фокусот бил ставен на енергетско-економските иницијативи.

„Премиерот Ковачевски изрази благодарност за севкупната поддршка што Северна Македонија ја добива од САД во континуитет како и за важноста од стратешкиот енергетски проект за целиот регион. 

Ковачевски и Пајат разговараа за важноста од развојот на регионалниот енергетски проект ‘Александруполи’ со што се отвора можноста за сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, диверзификација на изворите и пат за Северна Македонија и регионот да станат енергетски независни“, наведува Владата.

Во соопштението се додава дека Ковачевски ги информирал амбасадорите Пајат и Брнз за актуелните економски процеси во Македонија, за сите актуелни мерки кои Владата ги презема за ублажување на последиците од енергетската криза,, како и за плановите за економски развој на среден и долг рок со фокус на инвестициите во успешна енергетска транзиција.

„Амбасадорот Пајат изрази силни заложби за интензивираното стратешкото партнерство, за важноста на денешниот настан на почетокот на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александруполи, кој претставува уште еден огромен придонес во јакнењето на регионалната соработка и во градењето на добрососедски релации“, велат од Владата за тоа што го кажал американскиот амбасадор во Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ