Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски го информирал Мишел за започнатиот интензивен дијалог меѓу владите на Македонија и Бугарија.
„Од зачестената комуникација во наредниот период се очекуваат резултати кои ќе го помогнат изготвувањето на патоказот за спроведување на заеднички прифатените проекти за унапредување на довербата и за билатералната соработка со крајна цел да се деблокира постапката за првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ“, изјавил Ковачевски.
На средбата бил споделен заеднички став дека е забележлива подготвеноста на владите во Скопје и Софија да се удвојат напорите за подобрување на односите меѓу земјите и дека во таа насока ангажманот на европските институции во помагањето за деблокирање на процесот за пристапување кон ЕУ за Македонија, како и за Албанија, се очекува позитивно да влијае на динамиката на реформи во Западен Балкан.
Двајцата соговорници, исто така ја истакнале соработката меѓу ЕУ и НАТО за дипломатски одговор и деескалација на кризата во Украина.






