среда, 17 декември 2025

Ковачевски-Лајчак: Војната во Украина налага забрзување на процесот за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

За време на разговорот, премиерот Ковачевски и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак се согласија дека војната во Украина наметна неопходно забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и итни преговори со Македонија како приоритет.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на средбата со Лајчак рече дека очекува дополнителна поддршка од Брисел за дијалогот Скопје-Софија за да се дефинира преговарачката рамка со цел колку што е можно побрзо одржување на Првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Комисија како почеток на процесот за затворање на поглавјата за членство во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ