Како што информираат од Владата, на средбата биле споделени ставови за придонесот на дијаспората во економскиот, општетствениот развој на нашата земја, како и во културата, уметноста, образованието.
„Премиерот Ковачевски ѝ се заблагодарил на ОМД за нивната улога во формирањето на Групата за пријателство во Конгресот, а воедно со соговорниците споделија мислења и заложби за уште поголем поттик на дијаспората, посебно на младите генарции да продолжат да ги одржуваат врските со својата татковина и да земат активно учество во развојот на земјата и нејзина промоција во светот.







