среда, 18 март 2026

Ковачевски и Курти ќе се залагаат за брза и лесна комуниција преку границата

Објавено на

часот

Сподели

„Билатералните односи и соработката меѓу Северна Македонија и Косово се унапредува со негување на пријателството и блискоста меѓу двете земји и со фокус на остварување на интересите на граѓаните во двете земји, што беше потврдено и со одржувањето на заедничката седница на Владите минатата година во септември“, истакнале премиерите Ковачевски и Курти, информира владината прес-служба.

Ковачевски истакнал дека економската соработка е дополнителен поттик за натамошно унапредување на билатералните односи заради фактот што Косово, како што рекол, е еден од најзначајните трговски партнери

Премиерите се согласиле дека за двете земји следува период на интензивирање на соработката на полето на енергетиката.

Ковачевски истакнал дека „Северна Македонија го поддржува дијалогот Приштина – Белград во насока на постигнување конечен, взаемно прифатлив договор, со кој ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на двете земји и на регионот во целост“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ