„Членството во НАТО го крена меѓународниот рејтинг на Северна Македонија како во политичка, така и во безбедносно економска и финансиска смисла. Влезот во Алијансата не беше само гаранција за мир и стабилност за Северна Македонија, туку и гарант за македонската економија, за граѓаните, за нашиот целокупен економски раст и развој.
Членството на земјата во Алијансата ги зголемија странските директни инвестиции кои во услови на криза достигнаа рекорден историски износ од 753 милиони евра, што е највисоко ниво на странски дирекни инвестиции во земјата и двојно повеќе споредба со 2016 година. Добрите економски политики на оваа влада носат зголемен економски стандард за нашите граѓани, стабилни и добро платени работни места и простор за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд.
Го поддржуваме и развојот на домашните компании, со рекордна исплата на 23 милиони евра државна поддршка, кон 410 компании“, истакна премиерот Ковачевски.