недела, 14 декември 2025
Премиерот од свеченоста на патната делница Куманово - Страцин

Ковачевски: Бинационална држава? Уште една небулоза од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

                                                                                                                                        Петар Јанков

Премиерот, по свеченото обраќање по повод пуштање на патната делница Куманово Страцин, потсети дека Работната група за уставните измени има обврска да ги подготви измените согласно преговарачката рамка. Владата ќе биде подносител, а се работи за промена на Преамбулата и внесување други делови од народи во неа, каде веќе има и други делови од народи. Тоа е обврска која е императив и основна работа на Работната група, а потоа и на собраниските тела, дополни Ковачевски.

с

Тој рече и дека не ја слушнал изјавата на бугарскиот спикер според која внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав е билатерална работа и нагласи дека тоа прашање е дел од преговарачката рамка со ЕУ..

„Промената на Преамбулата и внесувањето на деловите од бугарскиот народ, 3 500 наши сограѓани кои се самоопределуваат како Бугари, е дел од преговарачката рамка во која обезбедивме заштитен македонски јазик и идентитет и со која ги почнавме преговорите. Ова е една од обврските која нашето Собрание ќе ја направи и потоа ќе продолжиме со отворањето на поглавјата и кластерите, а земјава до 2030 година ќе стане дел од ЕУ. Тоа е целта што ќе ја оствариме сите заедно“, подвлече Ковачевски.

с

Во врска со реакциите во Софија по неговата изјава дадена на Самитот на Советот на Европа одржан во Рејкјавик, според која, Бугарија кон Македонија, македонскио народ и македонскиот јазик, се однесува како Русија кон Украина, премиерот напомена дека нема што да појаснува и дека изјавата ја има интегрално, па може да се преслуша и погледне во секој момент.

д

„Што имав да кажам на Самитот на Советот на Европа го кажав пред 46 делегации на држави. Од тоа постои видео запис. Немам што да појаснувам за таа изјава. Министерот за надворешни работи има состаноци со своите колеги на кои разговараат за дневните работи кои ја окупираат дипломатијата. Мојата изјава ја има и интегрално, може да ја погледнете“, истакна Ковачевски.

Тој одговори дека договорот со Бехтел и Енка е доставен до Јавнтоо обвинителство од страна на ЈП за улици и патишта, до Антикорупциската комиисија,како и дека е упатено писмо до соодветна комисија во Собранието на бартање на опозицијата, и дека ќе биде презентирано од Владата.

Ковачевски нагласи дека во Собранието очекува поддршка на законите поврзани со коридорите зашто, како што нагласи, станува збор за усогласување на регулатива за побрзо и поефикасно градење на патиштата бидејќи, рече, граѓаните заслужуваат квалитетни и бебзбедни патишта.

Инаку, обновениот патен правец Куманово-Страцин е во должина од 31,2 километри, обновата чини 12 милиони евра, а се рехабилитира по повеќе од три децении. На официјалното пуштање во употреба на реконструираната делница, присуствуваа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, дел од пратениците и градоначалниците од регионот, како и претставници од ангажираните компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ