„Потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците е јасна и за тоа секој има разбирање. Но, најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет на секого, особено сега кога после ковид пандемијата се обезбеди континуитет во наставата. Наставниците треба интересот на децата да го стават на прво место, а решенијата да се бараат преку социјален дијалог“, рече Колева нагласувајќи дека во изминатите четири години преку дијалог платите во образованието и во детската заштита „СДСМ ги зголеми од 3.200 до 6.400 денари“.
Колева рече за разлика „од времето на ВМРО-ДПМНЕ“, наставник во основно образование денес добива повисока месечна плата за над 3.200 денари, додека воспитувачките во градинките имаат плати повисоки за над 6.000 денари, а токму во градинките, нагласи, во овој период се вработени над 1.000 воспитувачки, негувателки и помошен персонал со транформирање на договорите на неопределено време.
„Со Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, закон кој ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира, обезбедуваме трансформација на работните односи и трајни вработувања за околу 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование. Ако овој Закон се усвоеше при неговото поднесување, сега платите на наставниците ќе беа зголемени. Дополнително 4.700 наставници и стручни соработници ќе добиеја економска сигурност на работните места. Ја покачивме минималната плата, двојно од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Сите овие политики ги носевме низ дијалог со синдикатите, работниците и надлежните институции“, рече пратеничката.






