Како Торбеши се изјасниле 4.174, од нив мажи се 2.064, жени се 2.110, односно Торбеши се 0,23 отсто од вкупното население, додека пак, како Македонци – муслимани се изјасниле 455 граѓани.
Како Хрвати се попишале 2.145 граѓани, од нив мажи се 1,073, жени 1.072, односно 0,12 проценти од вкупното население.
Интересен податок е дека како Југословени на последниот попис се изјасниле само 344 лица.
Според национална припадност не се изјасниле 450 луѓе, 243 од нив се мажи, а 207 се жени, односно 0,02 отсто од вкупниот број на попишани граѓани.
Во продолжение табелите кои детеално покажуваат кои сѐ припадници на етнички заедници живеат во Македонија.








