понеделник, 22 декември 2025

Кај источниот сосед се слави Санстефанскиот договор, премиерот Петков порача: Бугарија над се!

Објавено на

часот

Сподели

На 3 март 1878 година, по завршувањето на Руско-турската војна (1877-1878), во гратчето Сан Стефано, кај Цариград, бил склучен мировен договор, познат како Санстефански мир.

Со договорот е создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција – Голема Бугарија. Во кнежевството било предвидено да влезе цела Македонија, но поради несогласување на Австро-Унгарија, Германија и на другите големи сили со превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13 јуни до 13 јули 1878 година), договорот бил ревидиран.

Претседателот на бугарскиот парламент Никола Минчев денеска рече дека Санстефанскиот договор ги обединувал сите бугарски земји со бугарско население и од тогаш останал идеал обединета Бугарија.

За време на нивниот говор на врвот Шипка, приврзаници на проруската партија „Преродба“ извикуваа „Оставка” и „Предавници” поради официјалната позиција на Бугарија во врска со украинската криза.

На врвот Шипка официјална делегација одаде почит на загинатите пред 144 години во борбата против отоманското ропство, во време на Руско-турската ослободителна војна 1877-1878 година.

И покрај комплицираната ситуација што ја создадоа приврзаниците на про-руската партија „Преродба”, бугарскиот премиер им се обрати на присутните дека Бугарија не ја добила својата слобода бесплатно, туку се борела за неа. Тој потсети дека за ослободувањето и за тоа земјата да биде независна, своите животи не ги дале само многу руски војници, туку и Украинци, Финци, Романци и Белоруси.

Петков беше погоден од снежна топка. На лице место имаше многу полиција и жандармерија кои се обидуваа да спречат провокации.  

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ