недела, 21 декември 2025

Каевски: Градоначалникот на Илинден троши 70.000 евра за партиски послушници

Објавено на

часот

Сподели

„За сето ова време, Христијан Мицкоски кој во јавноста глуми загриженост за економскиот стандард, за ова расипништво молчи, и не ги повикува градоначалниците да престанат со трошењето на парите и да ги пренаменат за потребите на граѓаните. Очигледно е дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните“, рече Каевски.

Тој потсети на дел од вчерашната прес-конференција на СДСМ на која беше речено дека градоначалниците на Скопје, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров годинава ќе потрошат скоро еден милион евра за вдомување на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти ова, нагласи портпаролот, Владата предводена од СДСМ во време на криза презема навремени и ефикасни мерки за помош на граѓаните и стопанството.

„Пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра веќе дава резултати, цената на горивата постојано се намалува, а со укинувањето на ДДВ за основните производи ги штитиме семејните буџети од нови ценовни шокови“, рече Каевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ