четврток, 29 мај 2025

ЈПДП: Ако имаме ресурси на автопатиштата ќе работат и повеќе од 51% македонски работници

Објавено на

часот

Сподели

ЈПДП посочува дека ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридирот 10д ќе се реализира согласно постоечкиот закон, односно, согласно Законот за утврдување јавен интерес, за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10, донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (бр.163). 

Во член 11, став (3), каде се регулира ангажманот на работници јасно стои обврската, стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси.

Ова значи, дека ако нашата земја има доволно локални ресурси, односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51%.

Со овој стратешки зафат, ги поврзуваме луѓето, ги поврзуваме градовите и ја поврзуваме нашата држава со околните држави и со светот со модерна инфрастуктура, од значење за сегашните генерации и создаваме наследство за следните генерации.

Поврзувањето на Република Северна Македонија со Европа, носи пораст на странски инвестиции, уште повеќе нови работни места, побрз трансфер на луѓе и стоки, развивање на туризмот, а пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните, дома.

Договорот за изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10д е склучен согласно посточките законските одредби. Сите договори кои се дел од работата на ЈПДП се со назнака на доверливост, бидејќи содржат технологии на работа и структури на управување, а со тоа и потреба за заштита од конкуренцијата. Но, претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д, ќе ги презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура, односно, како што е предвидено согласно законот, пред сите пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат“, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ