На прес конференцијата со министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, една од новинарките го праша за легализација на медицинскиот канабис.
„Имам прашање до македонскиот министер… “, рече новинарката, на што министерот Бектеши одговори:
„Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец“.
Нејасно е зошто Бектеши реагирал на формулацијата „македонски министер“ бидејќи таа не имплицира дека тој е Македонец, а дури и со Договорот од Преспа „дозволено“ е користење на придавката „македонски“.

Претходно, пак, Бектеши вчера во Албанија беше пречекан само со албански знамиња и без македонско знаме, иако, како што вели, е министер на Северна Македонија.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=HEHDMxJcz-w&t=6s autoplay:0]






