петок, 5 декември 2025
Барометар на ТИ-М

Измените на Кривичниот законик е најмaтен настан за месец октомври

Транспаренси Интернешнл-Македонија (ТИ-М) продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „бистро-матно“, соопштија од ТИ-М. Оттаму велат дека следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции како релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. 

Објавено на

часот

Сподели

Според последните резултати од Барометарот како најматен настан е издвоен измените на Кривичниот законик (КЗ) од 6-ти септември со кои се обезбедуваат застарувања на голем број предмети на функционери и службени лица обвинети за коруптивни дејствија. При тоа, ТИ-М потсетува на случаите Таргет-тврдина, Моќник, Продуцент, Топлик, Тарик, Змиско око, но посочува и на дел од реакциите на обвинители. 

Како втор најматен настан е издвоен фактот што нема одговорност за функционери кои не ги доставуваат потребните информации до Државната комисија за спречување на корупцијата. Во таа смисла ТИ-М потсетува дека ДКСК ја запре постапката за дивоградбите во Чаир затоа што градоначалникот Висар Ганиу со години не им ги дава информациите.

Уште еден матен настан според ТИ-М  е Извештајот на Земји за борба против корупцијата (ГРЕКО) според кој оваа група земји не е задоволна од усогласеноста на Македонија со препораките на ГРЕКО за борба против корупцијата. 

И 67-то место на Македонија на најновата листа на Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда најде свое место вонајматните настани на ТИ-М. 

Од бистрите настани пак,свое место во извештајот на ТИ-М најде откривањето на злосторничко здружување за даночно затајување случај познат како „Синџир“.  Освен тоа други бистри настани според оваа организација се наколкуте кривични пријави  кои се однесуваат на полицајци но и вработени во институции на општинските власти. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ