„Во ДУИ во последно време се зборува само за лоши работи. ДУИ е единствената партија во моментов која се најде на американската црна листа поради корупција и мешање во судството. Се шпекулира дека ќе има и други лица. Во моментов ДУИ е инволвирана во корумпирани случаи, афери, во мешање во судството, се крши партискиот статут, се атакува врз оние кои имаат различно мислење“, рече Меџити.
Тој вели дека има иницијативи од граѓаните да се создаде нова политичка партија, но таа, нагласи, нема да биде класична партија туку повеќе демократско движење кое ќе артикулира поинакво мислење.
„Досега имаше една моќна партија – ДУИ и мали опозициски партии кои не ја одиграа улогата на опозиција. Сега мислам дека ќе има два политички блока меѓу Албанците – тоа ќе биде моќна позиција и опозиција што нужно ќе даде поголем ефект. за Албанците“, рече Меџити и изрази уверување дека политичката сила ќе биде подготвена пред претстојните парламентарни избори.
Инаку, барем досега, против идејата фракцијата да прерасне во поартија се градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети како и поранешните функционери Муса Џафери и Невзат Бејта.






