Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков на средбата ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.
Петков истакнал и дека интензивирањето на секторската соработка меѓу Македонија и Бугарија придонесува за градење меѓусебна доверба и разбирање.






