Оваа публикација содржи стандарди и вредности за зајакнување на професионалното и кредибилно новинарство, како и бесплатни алатки за проверка на изворите и информациите со цел пласирање веродостојни медиумски содржини. При креирањето на овој ресурс, ИКС наведува дека ги анализираше Кодексот на новинарите на Македонија, како и етичките насоки содржани во домашните, регионалните и меѓународните кодекси за професионално новинарство со фокус на справување со современите манипулативни техники, дезинформациите, погрешните и злонамерните информации.
Со цел оваа публикација да биде корисен и локализиран ресурс, ИКС консултираше 15-тина уредници на традиционалните и онлајн медиуми, главните уредници на програмскиот сервис на МТВ 1, на МТВ 2, на Македонското радио Прва програма и на Медиумската информативна агенција (МИА) кои ги посочија потребите и предизвиците со кои што се соочуваат нивните редакции. Публикацијата е достапна на три јазици: македонски, албански и англиски.
Водичиот „Препознај и спречи: новинарски алатки за справување со дезинформации“ е креиран во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигнување на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, којшто се реализира со поддршка на Британската амбасада во Скопје.






