
Бимбилоски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор.
Игор Бимбилоски е актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија. Претходно Билбилоски извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Македонија и во Албанија, а бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
Во однос на партиските функции, бил претседател на ОО СДММ Охрид и Генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година.
Со изборот на Бимбилоски, се комплетираше составот на Извршниот одбор на СДСМ при што целосно е запазена родовата еднаквост, односно од 18 членови, девет се мажи, а девет жени.






