петок, 20 март 2026

И новинарите Николовски и Наумов, покрај Бучковски и Георгиевски, се ангажираат за излез од бугарскиот ќорсокак

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експерт за одбрана и поранешен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Канев, светски познатата тенисерка Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов.

Темата на прес-конференцијата, како што е наведено во соопштението гласи: Претставување на нов клуб за бугарско-македонско пријателство и повелба за негово формирање со телемост меѓу општественици од Софија и Скопје.

Меѓу основачите се Бугарскиот културен клуб – Скопје, Културно-просветното друштво Вардар и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело”. Како што наведуваат организаторите во нивното соопштение до дописникот на МИА во Софија,учесник во клубот може да биде секој кој за тоа ќе се пријави на веб-страницата www.bgmkclub.eu или на електронската пошта [email protected].

„Целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од ќорсокакот во кој моментално се наоѓаат како резултат на засилениот дијалог во сите области, да се отстранат од тесните политички и дипломатски кругови, како и од оние кои се под контрола на властите или одредени тајни центри „во двете земји, кои отворено работат против добрососедската политика, се вели во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ