понеделник, 15 декември 2025

Христова: Антидржaвно е да нема програма за одбележување 150 години од раѓањето на Делчев

Објавено на

часот

Сподели

Пратеничката Христова прстог го впери кон претседателот на Комисијата за култура Кастриот Реџепи, кој како што рече, воопшто не ја ни започна постапката, која по правило, својата работа треба да ја заврши најдоцна до крајот на годината за Програмата за наредната година.

„Институциите воопшто не добија допис од Собранието да ги испратат своите предлози за јубилејни годишнини. Оправдувањата на Реџепи дека причината за несвикувањето на Комисијата е минатогодишниот есенски изборен процес, се нелогични, бидејќи не станува збор за закон или за друг вид на пропис, туку за програма која не е поврзана со никакви изборни процеси. Доколку имаше искрена желба и одговорност, Комисијата слободно можеше да се свика и процедурата можеше да започне од септември“, рече Христова.

Таа нагласи дека во годината кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, Собранието не само што не ја објави Програмата на време, туку и упорно бара да се повлече поднесената Декларација за одебележување на јубилејот на Гоце Делчев.

„Ваквата стратегија диригирана од СДСМ и ДУИ значи уште една потврда за обид на бришење на македонската институционална меморија со интенција за девалвирање на значењето на личностите и настаните кои претставуваат есенцијален дел од македонската колективна меморија и се носители на македонскиот национален идентитет. ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од власта и владејачкото мнозинство на прашањето, дали има интенција овие личности понатаму да бидат избришани и од учебниците, од институциите, па и од архивите на државата? Македонија е доведена до степен на непрепознатливост“, рече пратеничката Христова.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ