вторник, 16 декември 2025

Гулиев: Македонија ќе претседава со ОБСЕ во најчувствителен момент за светот

Објавено на

часот

Сподели

„Северна Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во најпредизвикувачки момент со кој се соочува организацијата во поновата историја. Всушност, мислам дека треба да се вратиме назад во времето на распадот на Југославија и конфликтите поврзани со тоа кои го распарчија регионот за да можеме да најдеме криза којашто би можела да се спореди со таа со којашто се соочуваме денеска со војната во Украина и тензиите Исток-Запад кои се доведени до точка на вриење.

Имајќи го ова на ум, верувам дека мирното решавање на конфликтот во Украина мора да биде на врвот на агендата. Не би сакал да бидам јас тој кој ќе му кажува на Скопје како да ги оствари своите цели на претседавањето со ОБСЕ во 2023, но мора да признаеме дека ова се исклучителни времиња и дека иднината на организацијата зависи од враќањето на мирот во Украина, почитувањето на принципите на Завршниот документ од Хелсинки и Париската повелба, особено оние што се поврзани со територијалниот интегритет, суверенитет и неповредливоста на меѓународно признатите граници на земјите учеснички и исто така да се работи на поправање на односите и обнова на довербата. Ова вклучува разгледување на безбедносните грижи на сите земји учеснички во ОБСЕ и работа кон градење на европската безбедносна архитектура која ни служи на сите нас.

Имајќи го предвид погоре изнесеното, војната во Украина – иако се разбира е доминантно прашање со кое се соочува ОБСЕ во моментов – е истовремено само еден од многубројните предизвици. Мислам дека за да биде успешно претседавањето со ОБСЕ во 2023, Северна Македонија ќе мора да најде начин и да ги постави приоритетите кои ќе вклучуваат остварливи цели во сите три димензии на безбедноста. Тоа значи поставување на цели во политичко-воената димензија, како и за економско-еколошката и човековата димензија, и фокусирање на испорачување на некои успешни приказни кои ќе ги потврдат вредностите на ОБСЕ и трајната релевантност на мултилатерализмот. Вреди да се спомене дека Северна Македонија е наградена од земјите учеснички во ОБСЕ со оваа многу важна меѓународна улога поради напредокот што го постигна“, вели Азан Гулиев во интервју за МИА.

На прашањето за евроинтегративниот процес на Македонија и можноста за добивање на датум за преговори со ЕУ, Гулиев вели:

„На состаноците во Скопје научив многу за развојот на аспирациите на Северна Македонија кон ЕУ и очекувањата за претстојната одлука на Советот на ЕУ за тоа дали ќе му дозволи на Скопје да ги започне пристапните преговори. Ова се разбира се исклучителни предизвици коишто треба да се решат и верувам дека со тоа Северна Македонија ќе покаже дека е посветена на европската интеграција и дека е подготвена да оди на тој долг пат напред што ќе ги намали фрустрациите меѓу населението.

Интеграцијата во Европската Унија е навистина предизвик во овој момент, но како што истакнуваат претставниците на ЕУ, блокот треба да продолжи со процесот на проширување и напредокот на Северна Македонија треба да се препознае. Скопје направи значителен напредок кон исполнување на Копенхашките критериуми, вклучително и преку градењето на демократските институции и промовирањето на владеењето на правото, како и преку работата на зајакнувањето на антикорупциските механизми.

Но, се разбира, правилата на ЕУ се правила на ЕУ и потребна е едногласност за почеток на преговорите. На крајот, се надевам дека сите земји членки на ЕУ ќе ја препознаат вредноста на стремежот за интеграција во ЕУ и дека е во нејзин интерес, како и во интерес на Скопје, да се ревитализира и зајакне ЕУ. ПС на ОБСЕ верува дека дијалогот е најдобар начин за решавање на споровите, особено дијалогот меѓу земјите соседи кој треба постојано да биде отворен. Се надевам дека ќе имам шанса да разговарам за ова прашање со моите соговорници за време на мојата посета во Бугарија во јуни, со цел подобро да ја разберам ситуацијата на терен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ