среда, 17 декември 2025

Грчки црковни портали: Шах-мат на Вартоломеј на планот на руско-српската оска за нова турбуленција на Балканот

Објавено на

часот

Сподели

Во текстот се додава дека и покрај непријателскиот став на Српската патријаршија, Константинопол не навлегува подлабоко во прашањето и му остава на Белград да преземе потези за завршување на постапката по ова прашање.

„Со овој одлучувачки потег, Фанар става крај на новите аспирации на Русија да предизвика нова рунда конфронтации околу јурисдиктивните прашања, а црквата на Србија ја става пред своите одговорности за завршување на напорите за решавање на проблемот според светите канони“, коментира порталот.

Во продолжение, пишува дека „во многу храмови во соседната земја, радосно почнаа да бијат камбаните, откако го слушнаа соопштението на Вселенската патријаршија, објавувајќи ја историската одлука за нив“, а ја пренесува и објавата на Фејсбук на премиерот Димитар Ковачевски.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, пак, ги пренесува изразените ставови, како на премиерот Ковачевски, така и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во Србија и Бугарија засега само се пренесува информацијата за прифаќањето на МПЦ-ОА во канонска заедница со сеправославниот свет, со акцент на тоа дека признавањето е како „Охридска“, а не „Македонска“. Дел од медиумите ја оценуваат одлуката на Вселенската патријаршија како мешање во јурисдикцијата на СПЦ, но и удар врз БПЦ која полага право на древната Охридска архиепископија.

Одлуката на Фанар следува по четиригодишното разгледување на молбата за апелација што ја испрати МПЦ-ОА во врска со решавањето на нејзиниот статус, како и по испратените писма и средби што ги имаа македонските државни претставници со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Вселенската патријаршија, која има историски и канонски надлежности и привилегии да одлучува во апелација и да доделува автокефалност, реши да се заземе за решавање на канонското прашање на македонската црква. Светиот синод на Вселенската патријаршија ја уважи молбата на нашата црква и донесе конечна одлука за прифаќање на МПЦ-ОА во канонско заедништво.

Оваа одлука, сепак, не значи томос за автокефалност, туку преод кон следниот чекор – конечно регулирање на статусот на МПЦ-ОА. Примањето во евхаристиско заедништво на ерархијата, клирот и народот во земјава, практично значи дека МПЦ-ОА веќе не е во раскол и нејзините свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите православни помесни цркви.

За утврдување на конечниот статус на МПЦ-ОА ќе следуваат дополнителни преговори, за што Фанар упатува на СПЦ.

„Се остава на најсветата црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“, се наведува во синодската одлука на Вселенската патријаршија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ