среда, 10 декември 2025

Граѓаните се за ВМРО-ДПМНЕ и нѝ требаат избори, му кажал Мицкоски на Пич

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, на која присутни биле и  потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски, членот на ИК Драган Ковачки и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски, е разговарано за актуелната политичка ситуација во земјава, а од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата од предвремени избори кои ќе значат разрешување на кризата во која оваа власт ја втурна државата, соопшти опозициската партија

Во соопштението се вели дека билао потенцирано дека поддршката на народот е свртена кон ВМРО-ДПМНЕ, „што се виде и по резултатот на локалните избори и дека предвремените избори ќе ја отсликаат волјата на народот во парламентот и ќе бидат мотор за промените и закрепнување на државата“.

Во однос на преговорите на Владата со Бугарија, во соопштението се нагласува дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека власта треба да ја почитува Резолуцијата донесена во Собранието, а која значи зачувување на македонските идентитетски обележја и клучните национални интереси.

На крајот од соопштението се вели дека „на взаемно расположение беа констатирани добрите односи кои ги имаат двете држави, а од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше кажано дека нашата земја во Велика Британија гледа силен поддржувач, и ќе работи и во иднина, односите меѓу двете држави да зајакнуваат, а по доаѓањето на власт, да дојде и до поголема соработка во сите клучни области“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ