понеделник, 8 декември 2025

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ отвори штаб на ул. Македонија во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Скопјани ќе имаат можност да разговараат и со градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со советниците, со пратениците, со истакнати активисти од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. И сето она кое што скопјани ќе го кажат практично на тие состаноци ќе биде дел од програмата и од следните амбиции кои што ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада ќе ги реализира овдека во Скопје“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека очекува штабот да биде и место каде што ќе славата победите на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските, парламентраните и локланите избори.

Претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Христовски, рече дека заедно со отворањето на штабот  започнуваат и со проектот „Иницијативи за Скопје“, проект кој ќе опфаќа граѓански дијалог.

„Оваа канцеларија ќе биде место каде граѓаните секојдневно ќе може да остваруваат директни непосредни средби со нашите народни избрани претставници. Секојдневно ќе имаат можност граѓаните да се сретнат со членови на совети од општините и Град Скопје, претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а исто така ќе може да остваруваат директни средби со нашите градоначалници во Скопје исто така и со пратениците од Собранието на Република Македонија“, изјави Христовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ