понеделник, 15 декември 2025

Градоначалникот на Чаир го пријави во полиција преименувањето на Паркот Украина во Парк АСНОМ (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Оценуваме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот Украина што го промовиравме пред неколку недели заедно со украинската амбасада во земјава. Предметниот случај веќе го пријавивме до органите на редот и бараме што поскоро да се откријат сторителите и да ја добијат заслужената казна“, објави своја изјава прекуј Фејсбук  градоначалникот на Чаир.

ф

Вчера Црвена младина објави и видео од чинот, како што го нарекоа, на преименување на Паркот Украина во Парк АСНОМ. Притоа Црвена младина наведе дека паркот пред да биде преименуван во Парк Украина го имал името Парк на народните херои.

„„Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти, оставаме да судите вие. АСНОМ жвее! Ќе победиме“, порача Црвена младина од Чаир.

Притоа, како што може и да се слушне од снимената изјава, во овој некогашен Парк на народните херои, имало бисти на народни херои и борци од НОБ, а денес нив ги нема. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ