среда, 10 декември 2025

Герила акција на Црвена младина – 150 години Делчев: културен натпревар, а не културна доминација

Објавено на

часот

Сподели

„Гоце Делчев со своите дела и пораки нѐ научил многу. Низ својата животна приказна ни ја пренел и неговата замисла за светот и Македонија. Дали ние денес доволно го славиме и почитуваме ликот и делото на Гоце Делчев? Дали вака ја замислувал Македонија“, стои во описот на акцијата.

Прва локација беше ООУ „Гоце Делчев” – Скопје, со симболика за она по што Делчев веројатно бил најпознат, а тоа е неговата идеја за морална револуција кај ропскиот македонски народ – „Моралната револуција – револуција во умот, срцето и душата на еден ропски народ е најголемата задача“.

Втората локација беше Македонската академија на науките и уметностите. „Сакајќи да го потенцираме нивниот молк и да испратиме апел дека во овие историски околности каде што сме негирани од сите страни, и кога е негиран најважниот лик од македонската историја Гоце Делчев, не смееме да бидеме неми и да молчиме на овие случувања, а особено не смее да молчи македонската интелигенција.“

Трета локација на која активистите испратија порака беше Министерството за култура.

„Сакаме културен натпревар, а не наместени тендери! Младите уметници, творци, креативци во Македонија заслужуваат фер натпревар. Нашето министерство не само што не нѐ спрема за културен натпревар во светот, туку и го узурпира внатрешниот натпревар.“

Четвртата герилка беше спроведена пред зградата на УКИМ, кој и оваа година бележи пад во рангирањето на листата на најдобри светски универзитети спуштајки се на 1.944 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ