Генералот Ѓурчиновски, придружуван од командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, најпрвин остварил средба со началникот на Бирото на Националната гарда на САД, генерал Даниел Хокансон.
На средбата било разговарано за соработката која македонската Армија ја реализира со Националната града на Вермонт во рамки на партнерската Програма за соработка, која има големо значење во достигнатото ниво на интероперабилност при нашето членство во НАТО и врз основа на која досега се реализирани многубројни заеднички активности.
Работната посета на Пентагон, генералот Ѓурчиновски ја продолжил со средба со заменик на претседавачот на Здружениот штаб на Вооружените сили на САД, адмирал, Кристофер Грејди. Од страна на генералот Ѓурчиновски се презентирани активностите кои Армијата ги спроведува во полето на одбраната по целосната интеграција на земјата во НАТО, пред се во процесот на трансфоромација, опремување и модернизација, заедничките активности со ВС на САД и поддршката која ја овозможува стратегиското партнерство со САД.

Генералот Ѓурчиновски ги истакнал и стекнатите бенефити и искуства на нашите армиски припадници од заедничкото учество во мировните мисии и меѓународните воени вежби со Воору ените сили на САД.
Делегацијата оствари средби и со директорот на Директоратот за воена поддршка на цивилните институции, Дир Хирш, како и со раководители од Одделот за стратегии, политика и планирање во Здружениот штаб во Пентагон.
Во разговорите е потенцирана цврстата определба за понатамошно заедничко развивање на нашите способности и интероперабилноста во НАТО, како и значењето на колективната безбедност на НАТО за југоисточна Европа и пошироко, во време на воената агресија над Украина, која е осудена од сите земји членки на НАТО и ЕУ.






