Како што јави дописникот на МИА од Софија, во четири автобуси и во автомобилите на Амбасадата во Киев има околу 200 лица – бугарски, украински, американски државјани, државјани на Република Северна Македонија и еден од Грузија, како и бугарски дипломатски персоналот од Генералниот конзулат во Одеса.
Во Народното собрание на Бугарија, премиерот Кирил Петков изјави дека е многу тешко да се евакуираат Бугарите и другите странски државјани и се заблагодари на бугарското воено разузнавање кое одиграло значајна улога во оваа операција.






