„Во разговор со заменикот на шефот на ФБИ, на моето прашање за тоа кој е организаторот на атентатот, тој ми рече дека тоа „го направија вашите. Најблиските соработници на Глигоров“. Фрчкоски е мозокот на атентатот. И шефот на ЦИА Џорџ Тенет во една прилика изјави дека се знае кои беа најблиските пријатели и соработници на Глигоров. Мислите случајно е тоа зошто Вашингтон не се согласи поранешниот македонски министер за внатрешни работи да биде амбасадор во САД. Тоа секој паметен човек може да го прочита“, изјави Гајдов.






