недела, 21 декември 2025

Фетаху: Да се молиме на Алах сите војни да престанат

Објавено на

часот

Сподели

Месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг, вели поглаварот на ИВЗ.

„Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РСМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени”, вели поглаварот на ИВЗ.

Тој на сите им посака убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и да биде благословен овој голем и свет месец.

„О, верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ел: Бекарету: 183)“, рече поглаварот Фетаху.

Во овој месец, потенцира тој, обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах.

„Преку постот ја докажуваме нашата посветеност на Создателот, формираме висока свест за нашата позиција на Земјата да бидеме во служба на доброто и да го избегнуваме злото од себе и од луѓето воопшто. Овој месец е месец на знаењето, бидејќи во него е објавен императивот да се чита, да се учи, да се истражува, за да се знае креативноста на Семоќниот Алах. Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот, која се изразува преку мир, толеранција, хуманост и солидарност. Во оваа средина на нашата поврзаност со Создателот, ние се обраќаме кон Неговото Величество со нашите молитви да прости пропусти, грешки и гревови“, истакнува Фетаху во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ