„На Координативното тело се разговараше во врска со големиот интерес и континуираните приклучувања кон коалицијата, што претставува охрабрувачки показател за нашата работа како коалиција, истовремено оценувајќи дека е последно време за кој било политички субјект или
поединец да се приклучат на страната на волјата на народот, а сите кои одбиваат да се приклучат во Сојузот, се подразбира дека отворено и со целосна свест ја поддржуваат монополизацијата на власта на ДУИ, крајно загрозувајќи ја судбината на Албанците, но и перспективата на земјата.
.На оваа средба беа донесени неколку важни одлуки за создавање предуслови за претстојните успешни избори. Одлучено е да се формираат специјализирани комисии, кои ќе се ангажираат во креирање на вистинските политики во одредени области за да се изготви солидната изборна програма на коалицијата со цел постигнување на големата победа.

Исто така, беше одлучено наскоро да се отвори и изборниот штаб на коалицијата за
поефективна и поефикасна кампања и реализација на целите на Европскиот сојуз за промени“, се вели во соопштенето.






