
„Ги повикуваме сите политички сили во Парламентот да работат заедно и конструктивно за да ги унапредат реформите поврзани со ЕУ во интерес на граѓаните“, изјави Писонеро.
ВМРО-ДПМНЕ и партии од коалицијата „За обнова на Македонија“ пред два дена почнаа со, како што ја нарекоа, „активна блокада на Собранието“, која, според најавите, ќе трае сѐ до „постигнување договор за датум за предвремени парламентарни избори“.






