среда, 17 декември 2025

ЕУ да овозможи почеток на преговори, му порача Пендаровски на Шаленберг

Објавено на

часот

Сподели

Од кабинетот на Пендаровски соопштуваат дека на средбата се разговарало за надворешно-политичките приоритети на Македонија, во светло на надминување на предизвиците на европскиот пат, како и за политичко-безбедносните случувања во регионот и Европа.

Пендаровски нагласил дека Македонија ќе го продолжи дијалогот со Бугарија, „со цел изнаоѓање на одржливо, разумно и достоинствено решение и деблокада на евроинтеграцискиот процес“.

Шефот на македонската држава изразил благодарност за континуираната и доследна поддршка од Австрија, која како што оценил, е еден од најблиските сојузници и партнери на регионот и којa гласно се залага за негово интегрирање во Унијата.

„Во однос на руската воена агресија и безбедносните предизвици со кои се соочува Европа, соговорниците разменија мислења за политичките и економските мерки кои се преземаат како дел од заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и за хуманитарната помош и прифаќањето на бегалци од Украина.

На средбата беше истакнато дека блиските и пријателски односи меѓу двете земји се рефлектираат со конкретна соработка во повеќе области и изразија подготвеност за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и афирмирање на заеднички европски вредности со цел стабилност и просперитет на европскиот континент“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ