За потсетување, МИА вчера побара реакција од Европската Комисија за посетата на бугарската владина на овој клуб со контроверзно име во Битола и за изјавите за нова блокада на ЕУ процесот поради билатерални спорови, но одговор доби само за вториот дел.
„Од блиску ги следиме настаните, како и одговорите на настаните. Свесни сме дека отворањето на бугарскиот културен клуб во Битола именуван по фигура која е перципирана како високо контроверзна во Северна Македонија, предизвика силни реакции кај граѓаните,“ стои во писмениот одговор на ЕК.
Понатаму Комисијата додава дека „почитувањето на човечкото достоинство, владеењето на правото и почитувањети на човековите права се темелни вредности врз кои е изградена ЕУ”. Веднаш потоа во реакцијата повторно се охрабруваат двете страни да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања и се потенцира важноста на добрососедските односи.






