недела, 21 декември 2025

Едштадлер: Не се доволни само зборови, Северна Македонија да го направи следниот чекор во процесот на проширување

Објавено на

часот

Сподели

Според Едштадлер, Западниот Балкан е прашање на безбедноста на ЕУ и останува прашање на веродостојноста на ЕУ.

„Ние како ЕУ ќе направиме сѐ што можеме за овој регион, а пред сѐ Северна Македонија, конечно да добие една доверлива перспектива со факти и со чекори коишто се реални, коишто со децении ги чекаме и говориме за нив. Но, само да говориме не е доволно. Треба акција, треба дела. Јас сум оптимист дека сега е вистинскиот момент да го поставиме курсот. Во почетокот на февруари бев во Бугарија и разговарав за односите со Бугарија и тука имам многу добро чувство дека проблемите коишто постојат ќе се отстранат и дека билатерално посилно ќе се настапува, а со тоа и процесот на проширување кон ЕУ ќе се отвори. Уште појасно за нас беше од 24 февруари 2022 од кога ништо повеќе нема да биде како што беше. Ние како политичари имаме многу одговорност, има многу работа да ги решаваме тие состојби“, рече Едштадлер на денешната прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Таа истакна дека за нив е обврска како ЕУ конечно да осознаат дека Западниот Балкан е прашање на безбедноста на ЕУ и останува прашање на веродостојноста на ЕУ.

„Во политиката ние во ЕУ не смееме да ги изгубиме луѓето на Западен Балкан. Треба заедно да останеме сплотени со ЕУ и ЕУ мора јасно да го осознае она што Путин сака да го направи. Путин сака да ги дели луѓето. Сакам тука да укажам дека имаме сигурност, имаме безбедност и треба посилно да се поврземе со вас и тоа се надевам заеднички ќе го спречиме. Ние треба да останеме заедно во ЕУ, тоа го правиме и исто така со нашите партнери од Северна Македонија да останеме и тука ни треба конечно следен чекор во правец на отворање на процесот на проширување и Австрија е тука на почетокот на фронтот за напредок за Северна Македонија и другите земји во регионот да ги поддржи во правец на ЕУ“, истакна Едштадлер.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека Австрија ја препозна вистинската и несомнена ориентација на Северна Македонија кон европските вредности и идеали и дава безрезервна поддршка и заложба особено за Северна Македонија и Албанија во евроинтегративниот процес. Според него, иднината на нашата земја и на целиот регион е европски и време е тоа да се потврди.

„Северна Македонија вложи навистина вонсериски напори и успеа да покаже дека е доверлив партнер на ЕУ и дека не ја менува својата политика преку ноќ, дури и кога нашиот макотрпен труд не е целосно валоризиран и не оди во прилог на политиката на проширување. Напредувавме и ќе продолжиме посветено да чекориме по европскиот пат. Очекуваме ЕУ гласно да ги потврди нејзините интереси за обединување на европскиот континент и после долг период да ја врати динамиката на проширување кон земјите од Западен Балкан, кои повеќе од една деценија чекаат пред портите на ЕУ“, рече Маричиќ.

Едштадлер се сретна и со премиерот Димитар Ковачевски со кого разговарале за

предизвиците од војната во Украина, значењето на евроинтеграциите и можностите за унапредување на добрата билатерална соработка. Притоа заеднички била осудена руската агресија во Украина.
Во однос на интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ констатирано е дека тоа е од значење за стабилноста и безбедноста на регионот, но и на Европа и дека сега е моментот за исчекор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ