По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес, во недела го повикуваме членството на Демократската унија за интеграција слободно да се изјасни за новото раководство на ограноците во Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шуто Оризаре, Велес, наведуваат од седиштетот на партијата.
„Во текот на овој изборен процес се гласа за избор на претседатели на ограноци, членови на раководството на ограноците, претседатели на локалните подограноци и членови на раководството на локалните подограноци, процес кој ќе го води партиската изборна комисија.
Примената на овој модел при изборот на партиските органи го докажува демократскиот пристап и капацитет на Демократската унија за интеграција.
Демократската унија за интеграција им посакува успех на сите кандидати во изборната трка на 2 јули.
На крајот на овој демократски процес, победници ќе бидат сите, бидејќи општото добро, придонесот за неговото остварување и ефикасната служба кон граѓаните се несомнено наша заедничка мисија“.
Инаку, вчера, еден од лидерите на „огнената“ фракција во ДУИ, Изет Меџити, изјави дека внатрешните избори се фарса, бидејќи, според него, се спроведуваат на начин да бидат избрани раководства лојални на лидерот Али Ахмети, со цел да се намали силата на незадоволните и оние кои отворено се декларираат како фракција,






