Зијадин Села сурово се нафрли врз судството и обвинителството и самиот си го разоткри своето вистинско лице и лицето на неговата нереформирана структура, соопшти ДУИ.
„Поделбата на власта во државата функционира и е уставно начело, а сите кои го кршат законот одговараат пред правосудниот систем. Вусшнст, и сите неодамна транспарентно покренати случаи јасно потврдуваат дека во земјава функционираат законите и дека пред нив сите се еднакви, односно, нема недоприливи личности“, наведува ДУИ во реакцијата.
На крајот ДУИ нагласува дека беше единствената партија која иницираше ветинг, проверка на сите нивоа на власта, вклучително и во правосудниот систем, со цел луѓе, чисти пред законите и со достоинство, да ги извршуваат своите работни задачи на најдобар можен начин.






