вторник, 16 декември 2025

ДУИ не се урива лесно, родена е од УЧК и е клучот за секоја власт, рече Ахмети на голема прослава во Чаир

Објавено на

часот

Сподели

Затоа што сме силни затоа сме цел на постојани напади, во сите досегашни периоди, нагласи Ахмети и рече дека ДУИ не се урива лесно зашто е родена од ОВК (УЧК).

„Додека бевме во коалиција со ВМРО, СДСМ вршеше страшни напади врз нас, нè нарекуваа ‘ВМРО-вска патерица’, ако требаше нешто да се оцрни тоа беше ДУИ. Денеска истото го прави ВМРО. Се обидува преку страшни напади да нè собори. А зошто:? Затоа што бевме и сега сме клучната партија, без нас институциите на државата не би биле стабилни, без нас не би можела власта стабилно да функционира. ДУИ никогаш досега не била соборена, затоа што нашата партија не е родена во политички салони или телевизиски студија, туку е создадена од УЧК и од крвта на хероите“, изјави Ахмети.

а

Беким Незири изрази задоволство што ќе раководи со еден од најважните органоци во државата, чаирскиот и искажа уверување дека ќе ја има поддршката од Ахмети и дека ќе има соработка со целото членство.

д

Соработникот на Ахмети и вицепремиер, Артан Груби, по прославата преку својот фејсбук порача дека Чаир и натаму ќе биде „лојален центар на прогресивната визија на Ахмети“ и упати честитки до новото раководство на огранокот на чело со Незири.

На прославата беа мнозинството функционери на ДУИ, меѓу нив и партискиот портпарол и министер, Бујар Османи, кој синоќа преку телевизиско гостување на „огнените“ им порача дека тие практично се минато на партијата.

ф

„Прашањето за таканаречената огнена група е затворено. ДУИ имаше процес на пререгистрирање на членството, имавме масовно регистрирање, запишување на членството, да, и во Чаир. Тие што се запишале тие се членови на ДУИ, кој не се запишал може да зборува за ДУИ од страна, од надвор“, рече Османи со тоа укажувајќи не само дека ДУИ не признава постоење на фракција, туку и дека веќе „огнените“ не ги признава за членство.

ф

Во меѓувреме, по внатрешните избори во ДУИ, се чини дека има извесно разидување во „огнената“ фракција. Додека Изет Меџити не ја отфрла можноста за создавање на нова партија, градоначалникот на Сарај и еден од предводниците на фракцијата, Блерим Беџити, во изјава за Журнал рече дека тој и Муса Џафери и Невзат Бејта се залагаат за решавање на конфликтите внатре во ДУИ.

„Со формирање на нова партија би се расцепкало албанското бирачко тело, тоа го мислат и Џафери и Бејта. Нема таква потреба“, оценува Беџети.

                                                                                                                     П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ