среда, 17 декември 2025

ДУИ не сака предвремени избори, му одговори Груби на Мицкоски

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ како дел од оваа коалиција го поддржува силно парламентарното мнозинство и владината коалиција и овде сме да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им требаат авантури, им треба одговрна, социјална Влада, која ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања“, рече Груби.

Според него, оваа Влада не сака земјава да отстапи од НАТО и од ЕУ, да ги наруши односите со Косово, не признавајќи ја независноста на Косово, да ги наруши односите со Албанија и односите со Грција, нарушувајќи го Преспанскиот договор, како и нарушувајќи ги односите со Бугарија укинувајќи го Договорот за добрососедство. Не сака, додаде, да ги наруши односите меѓу Албанците, Македонците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, но и сите граѓаните во нашата земја, укинувајќи го мировниот Охридски договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ