ДУИ оценува дека решавањето на долгогодишниот спор е од исклучителна важност за иднината на државата и потенцира дека оваа одлука ги зајакнува темелите на стабилноста во регионот и ги потврдува вредностите на меѓуверската почит и толеранцијата.
„Демократската унија за интеграција смета се отвора хоризонтот за помирување меѓу народите на патеката која води кон заедничка европска иднина на целиот регион, по која мора да продолжиме и да носиме храбри одлуки, при што рационалноста ќе преовладува над изолациите и штетните спорови“, се вели во партиското соопштение.






