понеделник, 22 декември 2025

Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Објавено на

часот

Сподели

На годинешното одбележување, на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, венци свежо цвеќе ќе положи државната делегација во која како претставничка на Владата е Славица Грковска, вицепремиерка за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието и Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност како претставник од Кабинетот на претседателот.

Цвеќе на гробот на поранешниот претседател Трајковски на гробиштата Бутел во Скопје, ќе положи владина делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар за локална самоуправа, како претставници на Владата, денеска во Струмица ќе положат цвеќе на споменикот на поранешниот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ