четврток, 18 декември 2025

Достоинство пред Споменикот на бранителите побара ослободување на затворените за 27 април

Објавено на

часот

Сподели

Еден од најсензитивните настани кој драстично ја зголемува нетрпеливоста помеѓу самите Македонци е и крвавиот 27 април, настан кој за малку ќе ја турнеше државата во безумна граѓанска војна, рече Ангелов.
„Постоеше опасност да почнат да се убиваат Македонец со Македонец, брат со брат, татко со син, само затоа што припаѓаат на различни политички страни.
Инспираторите и организаторите на овој настан ја носат крвта на пратениците на нивните раце. За жал многумина искрени македонски патриоти наседнаа на намерно создадената патриотска атмосфера и несвесно станаа дел од злосторничкиот план.
Нема ништо херојско во тоа крвнички да се тепаат пратениците од македонското собрание, жени и мажи, татковци и мајки, додека нивните родители и деца, во живо на ТВ гледаа обид за линч врз нивните родители и деца.
Но, како и да е, и оние кои го измислија, и оние кои го испланираа и реализираа овој пеколен план, но и оние кои ненамерно влетаа во пеколниот план, сепак не убија никого, не запалија никој, не пукаа во глава никому. Така како што правеше УЧК во 2001-та. И сега, кога како држава ги амнестиравме оние кои убиваа и палеа македонски бранители и цивили, сметаме дека државата треба да собере сила и покрај сите контроверзи, и покрај експлозивните емоции, да најде начин да ги ослободи осудените за 27 април.
Како Достоинство, први, уште во 2018 година, токму на овој ден повикавме да се развие дебата за амнестија на тогаш обвинетите за 27 април.
Според нас од Достоинство, тие не се херои, но уште помалку се терористи и не треба повеќе да бидат во затвор. Доста е“, рече Ангелов. 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ