понеделник, 15 декември 2025

ДКСК предлага кривично гонење на тројца поранешни градоначалници на Демир Хисар

Објавено на

часот

Сподели

По информациите до кои дошла ДКСК, се констатира дека Соња Наумовска и нејзиниот сопруг Раде Наумовски се стекнале со бесправна корист на 1.502.498 денари по однос на неплатени закупнини, а поранешните градоначалници на општината не презеле должни мерки за наплата на закупот.

Во пријавата, како што беше посочено на седницата, е наведео и дека геодетските елаборати за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во Демир Хисар ги изработиле фирми чии сопственици биле во блиски деловни односи со поранешниот градоначалник Тони Ангелески, а постоел и договор меѓу раководителката Наумовска и поранешниот градоначалник Марјанче Стојановски дека таа на негови роднини ќе им помагне при легализација на објектите, а за возврат градоначалникот да не постапува за присилна наплата за закупот.

ДКСК го разгледа и предметот отворен по барање на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов поврзан со набавката на мултифункционалната противпожарна скала. Бидејќи за овој случај Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција има отворено кривичен предмет, ДКСК ја запре постапката по овој предмет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ