четврток, 11 декември 2025

ДКСК: Политичарите да се замислат, без јавна расправа и пред избори го менуваа Изборниот законик

Објавено на

часот

Сподели

Николовска рече дека честите интервенции во Изборниот законик, често непосредно пред започнување на изборниот процес, ја поттикна Државната комисија да истражи за што се работи и што е тоа што всушност се менувало.

Врз основниот текст на Изборниот законик кој во сила влезе во 2006 година, од вкупно спомнатите 32 интервенции, 22 претставуваат измени и дополнувања на законот, четири измени се врз основа на одлуки на Уставен суд со кој што се укинуваат одредени одредби, два пати измените се однесуваат на пролонгирање на рокови за одржување на избори, и четири пати се извршени само технички корекции од одредени членови, рече Николовска.

„Дури 14 пати станува збор за изорната кампања, на рекламирањето, финансирањето и известувањето, што од една страна создава несигурност и неизвесност во постапувањето на засегнатите страни на изборниот процес, а во јавноста се јавува сомнеж дека политички партии и спротиставените политички идеологии секогаш имаат ист став и заеднички интерес кога постои можност измените да овозможат доволни извори на финансирање на изборната кампања, подобра позиција и позитивен исход од изборите“, рече Николовска.

Членовите на Комисијата констатирале дека во последните десет години измените се вршат во многу кратко време, непосредно пред донесување на решенето за распишување на изборите, додека пак пред последните локални избори измените беа направени на 41-от ден по донесување на решението за распишување на изборите од страна на претседателот на Собранието.

„Тоа е сосема спротивно на препораките од ОБСЕ и ОДИХР, кои континуирано испраќаат порака измените во Изборниот законик да се направат најмалку шест месеци пред почетокот на изборите“, нагласи Николовска и потсети дека во изминативе десет години ниту еднаш не е одржана јавна расправа по однос на понудените решенија.

ДКСК на денешната седница го усвои овој извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Локални избори 2021, и истиот утре ќе биде доставен до Собранието.

Препорака на ДКСК е кога ќе се презентира извештајот, работните тела во Собранието да се замислат на сериозните констатации од оваа анализа за перманентното менување и дополнување на Изборниот законик.

„Секојдневно сме бомбардирани со информациите дека повторно Изборниот законик се менува, независно за што се зборува. Болеста наша е постојано да ги менуваме законите, да ги донесеме брзо, а уште побрзо да влегуваме во измени, а потоа се отвора поле за политичка корупција од која што зависи и се понатаму во системот. Ова е добра прилика да размислат политичките партии во државата дали е ова добар момент за целосно ревидирање на законот, но не заради парцијални измени“, додаде Николовска.

Таа порача целиот закон да се стави на маса и да се направи решение што ќе овозможи барем неколку изборни циклуси да не се воведуваат нови измени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ