Димитровски во интервјуто за радиот рече дека во Србија имало случаи на злоупотреба на работници од азиски држави. Тие работници од Азија бел ден не виделе, рече Димитровски, живееле во контејнери, а работеле по 60 часови.
Тоа што е исто така интересно од ова интервју е тврдењето на Димитровски дека има информации дека се формира конзорциум од мали градежни компании од Тетово на кои „веќе им е сугерирано од Артан Груби и од компанија дека ќе ги добиваат бизнисите за изградба на коридорите“, а преку кои ќе се вработат луѓе пред претстојните избори догодина.
Демократскиот сојуз излезе од Владата поради, како што беше соопштено, несогласување со францускиот предлог за уставните измени, а такво образложение пред официјалното поднесување на оставката даде и тогашниот заменик министер Зоран Димитриовски.