среда, 17 декември 2025

Димитриевски: Наставниците треба да имаат повисоки плати од полицајците

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски изјави дека Македонија е можеби една од ретките земји во светот каде платите во воспитно-образовната дејност се многу под платите на полицијата. Димитриевски оценува дека тоа е недозволиво.

„Не сакам да кажам дека платите на полициските службеници се големи, тие ги заслужуваат тие плати, но во секое демократско општество кое има амбиции да се развива, првенствено платата на тие кои се во сегментот на образованието треба да биде над нивото на просечните плати и дополнителните плати во секторот на безбедноста, бидејќи сепак тоа се луѓето кои ги создаваат идните генерации”, изјави градоначалникот на Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ