четврток, 18 декември 2025

Димитриевски му одговори на татко му на Зоран Заев: Чичко Панче, јас и денес сум зад паролата „Нема правда нема мир“

Објавено на

часот

Сподели

„Максим нели ти е срам, беше таму, имавте среќа што извлековте живи глави и сега да имало за сите амнестија. Што сорта ќе беше ти, се однесуваш како да не си од тука. Срамно Максо, мојот трет син и побратим на Зоки“, напиша Панче Заев, таткото на поранешниот претседател на Владата и поранешен претседател на СДСМ.
 
Димитриевски веднаш одговори и напиша дека е од сортата Кумановска. „Истата таа сорта што пред Владата со денови спиеше заедно со многумина како нив, истата таа сорта што застана во прв ред да го брани тоа во што верувале сите, во слоганот ‘Нема правда, нема мир’, во подобра држава во која поединци нема да бидат над законот.
 
Ви благодарам, јас татко имам во Куманово, Димче се вика, амнестијата беше токму направена со политички договор во неколку наврати, мојот, како што вие велите побратим по крв, многу добро знае за тоа. Зошто Груевски побегна во Унгарија, кој му дозволи, зошто никој не одговараше никогаш за тоа, како тоа вратарите наши тогаш колеги пратеници, денеска не одговараат. Зошто тој што со столови ни ги кршеше главите до ден денеска не е осуден? И на крај, зошто до ден денеска не ме повикаа никогаш повеќе да дадам изјава на суд откако во неформален разговор ѝ реков на судијката дека тие што ги носат на суд за фрлање на сталци кон нас, треба мандатно да се казнат и да се испратат дома со семејствата. А вистинските виновници кои беа сценаристи и режисери, логистика, луѓе кои отвораа врати и ја наведуваа толпата по ходниците на Собранието да одговараат. Јас верував во таа борба за живот за сите, и доколку се вратам назад низ времето со тоа убедување повторно би постапил исто, драг чичко Панче. Но никогаш повеќе за тоа што потоа се случуваше со методите на Груевски на квадрат, во маскирана форма. Како и да е времето ќе покаже кој погрешил“, напиша Димитриевски. 
ал.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ