среда, 18 март 2026

Дијалогот Скопје – Софија е во функција на евроинтеграцијата, оценил Лајчак на средбата со Ковачевски

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски го запознал Лајчак со заедничките активности со премиерот на Бугарија Кирил Петков за интензивирање на билатералната соработка и за работата на петте работни групи за економија, инфраструктура, култура, ЕУ интеграција и историја коишто имаат задача да изготват патоказ за спроведување на Договорот за пријателство.

Како што понатаму информира владината прес – служба, Лајчак упатил силна поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ и ја оценил нашата земја како доверлив партнер на Унијата.

„Лајчак изрази и задоволство од досегашните заложби и ги оцени како значаен придонес кон конечната одлука за усвојувањето на Преговарачката рамка и за закажувањето на првата Меѓувладина конференција во мандатот на Република Франција како претседавач со Европскиот совет“, велат од Владата.

На средбата станало збор и за унапредувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, меѓу што и за охрабрувачкиот процес „Отворен Балкан”.

Во регионален контекст, премиерот Ковачевски истакнал дека Македонија ги поддржува сите форми на дијалог меѓу Белград и Приштина, а изразил и поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на стабилна и безбедна Босна и Херцеговина во согласност со Дејтонскиот мировен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ