понеделник, 22 декември 2025

Џафери: Случувањата во светот потврдуваат дека е потребна брза ЕУ – интеграција

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од собраниската прес-служба, од страна на Џафери беше искажано задоволството за реализацијата на посетата во моменти кога е потребно единство во рамките на Алијансата, но и во рамките на ЕУ, особено во делот на политиката на проширување. Беа поздравени одличните односи на земјава со Република Словенија, нејзината поддршка во клучни моменти од нашата понова историја и динамичната соработка во повеќе домени од взаемен интерес.

„Во однос на нашите евроинтеграции, претседателот на Собранието Џафери истакна дека актуелните случувања покажуваат колку како земји сме ранливи на одредени процеси и дека сега повеќе од било кога, потребно е делување од страна на Европската Унија за забрзување на процесот и што поскоро отпочнување на преговорите, кои ќе имаат позитивен ефект во економски, но и безбедносен контекст за земјата и регионот пошироко“, нагласи Џафери.

Во соопштението се вели дека словенечната делегација го искажалала целосна и недвосмислена поддршка за интеграција во ЕУ на нашата земја.

Грегоргчич нагласила дека  се избориле, во рамките на Европската Унија, во текот на секое ново претседателство со Советот на ЕУ, прашањето за интеграција на земјите од Западен Балкан да биде високо на агендата и тоа да биде демонстрирано преку организирање самити или конференции за Западен Балкан, како што ќе биде случај во текот на актуелното француско претседателство во јуни, оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ