сабота, 20 декември 2025

Дескоски: Отворање на клуб на Хитлеровиот квислинг е обично потсмевање со НОБ

Објавено на

часот

Сподели

Изборот на оваа личност и регистрацијата на овој клуб од страна на државните органи денеска предизвика бурни реакции на партии, граѓански организации, Сојузот на борците, граѓани, експерти…

За професорот Дескоски да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обично потсмевање со НОБ и со антифашистичките традиции на македонскиот народ.

„И потсмевање со слободарска Битола.

Очигледно нашите државни органи не си ја вршат работата.

И да сме на јасно, ова не е проблем само на бугарскиот премиер (иако тој би морал да е свесен дека Михајлов е Хитлеров и Павелиќев квислинг и да одбие да учествува во ваква ујдурма), туку е проблем на нашата држава.

Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен.

Очекувам следниот клуб на оваа дружина да го носи името на Мане Мачков“, напиша на својот фејсбук-профил професорот Тони Дескоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ